sudenjeimperator

Повторно изречена казна доживотен затвор за Бојан Петрески во случајот „Император“

Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бојан Петрески, кој во август 2014 година во мотелот „Имепратор“, лоциран на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, извршил кривично дело „убиство со умисла“, при што го одзел животот на две лица, повторно е осуден на доживотен затвор, изрече денес судијата Билјана Белеска во Основниот суд Охрид.

– Обвинетиот бил пресметлив, имал проблеми со однесувањето. Обвинетиот упати закани и кон судот на предходното судење. Изрекувањето на казната не значи одмазда, туку е санкција за извршеното кривично дело, потврди охридскиот суд.

Предходно Битолска апелација го врати случајот на повторно судење, после жалбата на Обвинетиот Бојан Петрески, кој во декември 2015 година доби доживотна казна затвор за двојното убиство.

Петрески одговара за Убиство со умисла и уште едно кривично дело Недозволено поседување оружје.

Инаку двојното убиство се случи во август 2014 година во мотелот „Имепратор“ Охрид. Бојан Петрески со пиштол го уби Ромео Гузелоски, а во пукотниците настрада и сопственикот на „Император“ – Васил Ристески. Според деталите кои беа кажани при денешното донесување на пресудата, на обвинетиот Петрески предходно не му било судено. На денот на стравотниот чин, тој испукал 3 пати кон сега починатиот Ромео Гузелоски. При неговото паѓање на земја, се повратил и пукал во него уште два пати. Еднаш пукал кон сопственикот на „Император“ – Васил Ристески.

Петрески после убиството беше во бегство, во соседна Албанија каде после шест месеци беше приведен и екстрадиран во земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес