Избор Охрид

Бакрачески: Не коментирам ставови на политички партии

Охрид, 13. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Не коментирам ставови на политички партии со оглед на тоа што сум градоначалник на сите граѓани на Охрид, одговори денеска градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на новинарско прашање како би ги коментирал „бомбите“ на лидерот на СДСМ Заев кои се однесуваат на Охрид.

– Претпоставувам дека институциите на системот ќе се произнесат и ќе си ја завршат својата работа, изјави кусо Бакрачески.

СДСМ во аудио-снимките што ги објавува на своите прес-конференции, пред неколку дена објави и снимки во кои може да се слушнат различни разговори поврзани со изборните процеси во Охрид.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибината што оваа партија ја одржа во декември минатата година во Охрид обвини дека последните локални избори во Охрид биле криминални. (Крај)

извор:ОхридПрес  фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука