ohrid0101174

Облачно и врнежливо време во текот на целиот ден

Охрид, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во Охрид беа измерени 7 степени Целзиусови.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно и релативно топло време со слаб јужен ветер, по одделни котлини имаше појава на слаба магла.

Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат во западните делови на земјава.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе има услови и за и изолирана појава на грмежи.

И покрај облачното и врнежливо време, дневната температура во Охрид ќе достигне 15 степени.

Утре врнежите ќе престанат. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен и температурата на воздухот повторно ќе се покачува. (Крај)

извор: Метео фото: архива