Real madridCasemeiro

Реал Мадрид без половина тим гостува кај Еибар

Еибар, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо ќе го пропушти денешното гостување на „кралскиот“ клуб во Еибар.

Португалскиот репрезентативец има незгодна повреда поради која Зидан решил да не патува на гостувањето во Баскија.

Ова само дополнително ќе ги зголеми проблемите на Зидан, бидејќи за овој меч нема да може да смета исто така на Герет Бејл ,Алваро Мората, Рафаел Варан а под знак прашалник е и настапот на Дани Карвахал. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива