Jorge-Sampaoli

Хорхе Сампаоли останува верен на Севилја

Севилја, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – После дуелот со Атлетико Билбао тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли пред новинарите на пресот ја отфрлил можноста по завршувањето на сезоната да го замени Луис Енрике во Барселона.

Сампаоли минатото лето ја презеде Севилја, а неговиот договор важи до летото 2018 година.

Хорхе на прес конференцијата соопштил дека во наредните денови, тој ќе ги започне преговорите за продолжување на договорот со клубот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива