ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 5. март 2017

Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

17097350_434346700246505_6982000380251957119_o
Охрид во 10 на 05.03.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 05.03.2017 година

– Во максимално позитивна атмосфера, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа првата од двете прелиминарни аудиции со кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR

– УХМР информира дека Охридското Езеро e шест сантиметри над дозволениот минимум

– Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува дека остануваат уште десет дена задолжително носење зимска опрема за возилата

– Во црквата Св.Георги се служеше литургија по повод празникот Недела на Православието