Daniel Staridz

ПСЖ подготвува понуда за Даниел Стариџ

Париз, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот шампион во летниот преоден рок ќе испрати понуда за ангажман на Даниел Стариџ, напаѓачот на Ливерпул и англиски репрезентативец.

Неговата кариера оди во надолна линија, откако оваа сезона е најчесто на клупата за резерви или пак се мачи со повреди.

Тренерот Унаи Емери верува дека Стариџ одлично би се вклопил во нападот со Кавани и дека ПСЖ е подготвен да плати 30 милиони фунти за него. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива