povik Gimnazija

СДСМ Охрид: Средношколците се повикуваат на протести

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Укажуваме дека директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби“, пишуваат од Општинската организација на СДСМ во Охрид.

Од Центарот за комуникации на ОО СДСМ Охрид додаваат дека „недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести“.

plakat

– Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува ученици за остварување партиски цели. Учениците, но и нивните родители имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден. Злоупотребата на деца и ученици, за лични и партиски цели е кривично и дело и секој кој ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара. Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да спречат мирен трансфер на власта за да го спасат од одговорност Никола Груевски, со користење деца, како и лаги и фалсификати како летоците во прилог нема да успеат. Мнозинството граѓани избраа промени и нова реформска Влада и тоа ќе се случи, се вели во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СДСМ Охрид