vmronovstab1

ВМРО ДПМНЕ Охрид: На собирите доброволно учествуваат граѓани кои се за заедничка Македонија

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Очигледно ОО СДСМ Охрид е во голема заблуда во однос на граѓанските собири кои се случуваат насекаде во Македонија а со тоа и во градот Охрид, па неосновано реагираат до ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид затоа што овие граѓански собири се масовни и пред сè се против нивната конспираторна политика за прифаќање на платформи кои се потпишани во други земји“, велат од охридскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ во однос на реакциите дека ученици се повикуваат на протести.

Од Центарот за комуникации при ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид пишуваат:

– СДСМ упорно го одвлекува јавното мнение за учеството на одредени лица кои како и секој друг граѓанин доброволно без било каква политичка позадина учествуваат или би учествувале на граѓанските собири за ЗАЕДНИЧКА Македонија. Дали тоа значи дека ОО СДСМ Охрид се спротивставува и на нејзините членови кои излегуваат на граѓанските собири, дали тоа значи дека СДСМ е против мирните граѓански протести наместо оние во кои нивни високи функционери учествуваа во т.н Шарени револуции во кои беа настрадани полицајци, уништени споменици, скршени прозорци на институции и сл. Злоупотребата на деца за партиски цели токму треба да го барате во вашите редови кога ги спроведувавте фарбањата и демолирањето на објектите од државните институции бидејќи ВМРО ДПМНЕ како сериозна политичка партија добро ги знае и законските но и моралните обврски. На крајот на краиштата вашите спинувани информации дека позади било кој леток или соопштение за граѓанскиот собир стои ОК ВМРО ДМНЕ Охрид е залуден а апсолутно неточен, се вели во реакцијата.

Додаваат дека „масовното граѓанство од Охрид, без разлика нивната на политичка, етничка, верска или било каква друга поделба кое излегува секој ден на мирен протест да ви објасни и договори на Вашите прашања и недвоумици. Впрочем во едно сте во право а тоа е дека ВМРО ДПМНЕ е зачувувањето на Унитарноста на Македонија и македонскиот јазик.“ (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива