sovetopstina

Долгот за струја на ОУ„Григор Прличев“ повторно пред советниците

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник,14 март, ќе заседаваат градските советници.

Претседателката Гордана Коњановска ја закажа 69-та седница за 10.30 часот. Со дневниот ред се предвидени 54 точки.

Меѓу поатрактивните точки е Предлог Одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

Градските избраници ќе расправаат и ќе треба да се произнесат по Предлог Одлуките  за усвојување на годишната сметка и Извештајот од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија во Охрид.

Пред советниците ќе се најдат и извештаите за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на охридските основни и средни училишта, како и на детската градинка “Јасна Ристеска”.
(Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива