policija6

Две лица од Охрид претепале и ограбиле старец

Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Со пријава се стекнаа 25-годишниот А.Д. од Охрид и 18-годишниот Г.Д. од село Горно Лакочереј. Тие на 24-ти февруари годинава во селото Лакочереј, го нападнале 83-годишниот Т.Д., кој седел во хаварисано возило. Пријавените го претепале човекот и му одзеле околу 19.000 денари.

Од страна на судија на претходна постапка на А.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: МВР фото: архива