Romelu-Lukaku

Ромелу Лукаку го продолжи договорот со Евертон

Ливерпул, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ромелу Лукаку, стави потпис на нов петгодишен договор со Евертон кој ќе важи до 2022 година,со што ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот, односно ќе заработува 140.000 фунти неделно или 6 милиони фунти годишно.

Лукаку го постигна својот 61. гол за Евертон против Тотенхем и го собори клупскиот рекорд за најмногу постигнати погодоци на еден фудбалер.

Тој оваа сезона досега има постигнато 18 гола, што е негов максимум од претходните години ,но се надева на уште повеќе бидејќи конкуренцијата за ‘златна копачка’ е на високо ниво. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива