iguanabend

Игуана бенд со свирка пред охриѓани

Охрид, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поп – рок бендот Игуана, утревечер ќе приреди добра забава за охриѓани.

Настанот ќе се одржи во Cuba Libre Beach.

Бендот го сочинуваат: Тања Димова – Трајанова – вокал, Александар Трајанов – гитара, Горан Гешовски – бас и Сашо Стојановски – тапани.

Публиката ги оценува како еден од најдобрите македонски бендови. Имаат снимено своја авторска музика, како и неколку кавери на македонски класик теми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива