Нова епизода од 2-та сезона на „Импровокација“
Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 25 март во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикаже 4-та епизода од втората сезона на театарската импровизација „Импровокација“.
За скечевите се задолжени актерите и комичари: Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Филип Жура.
Настанот ќе биде со почеток во 20:00 часот. Шоуто е препорачливо за лица на возраст над 14 години.
Билетите по цена од 150 денари веќе се пуштени во музичката продавница Зи Зи Топ, додека на денот на шоуто цената на картите е 200 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |