Свет

Турција ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Вашингтон, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе пари за одбраната.

Официјална Анкара е во план да ги зголеми трошоците за одбрана на два отсто од  БДП.

Ова го изјави шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавушоглу. Тој имаше свое обраќање во Националниот прес клуб во Вашингтон.

Во својот говор, Чавушоглу истакна дека НАТО е камен темелник во областа на безбедноста во Европа. (Крај)

извор: МИА  фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука