Забава Избор Охрид

Втора елиминациона вечер на Ohrid SUPERSTAR, нови 11 кандидати за полуфинале (Фото)

Охрид, 26. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 11 кандидати, денес во рамките на втората елиминациона вечер го обезбедија патот до полуфиналето на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.

– И денес имавме одлично дружење и супер шоу, но за жал моравме да се збогуваме со дел од нашите нови пријатели со кои се дружевме изминатиов период. Жири комисијата одбра 11 најдобри кои продолжуваат натаму во полуфиналето, заедно со 11-те одбрани од првата елиминациска вечер која се одржа минатата недела. Натаму одат Ана Марија Кунеска, Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Илија Богданоски, Кристијан Танески, Роберт Сошански, Христијан Николоски, танцовата група „The Passengers“, Светлана Вељаноска и Катерина Трајковска, информираат организаторите.

superstarvtoraeliminaciona3Во текот на април се предвидени и полуфиналната вечер и големото финале. Насоки на младите талентирани охриѓани и стружани им даваат Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски, како членови и на Жири комисијата.

superstarvtoraeliminaciona4повторно тешка работа за жири-триото Каралиевски, Китрозоски и Јовески

Преку програмата на 7 регионални телевизии ширум државата, Талент Шоуто OhridSUPERSTAR ќе стигне до публиката во целата држава.

– Очигледно е дека проектот кој го работиме ги надмина локалните граници и повратните информации кои ги имаме од публиката, но и од професионалците само ни потврдуваат дека имаме фантастичен производ. Имаме договор со колегите од телевизиите ширум државата, кои ќе започнат да ги емитуваат снимките, со што талентите од нашиот регион ќе стигнат до публиката во целата држава. Ова е само награда и потврда за трдот кој целиот тим кој е инволвиран во овој проект го вложи изминативе неколку месеци. Ви благодариме за поддршката и одиме понатаму, до финалето и до првиот охридско-струшки SUPERSTAR, порачуваат организаторите.

superstarvtoraeliminaciona2Ohrid SUPERSTAR ќе се емитува на програмата на ХДТВ МЕГА во општините: Битола, Демир Хисар, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани, Долнени, Крушево, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Пласница, ХДТВ Канал Плус во градовите: Штип, Пробиштип, Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево и околните помали општини, K1 Велес која ги покрива градовите: Велес, Демиркапија, Кавадарци, Неготино, Градско, Росоман, Чашка, Лозово, Св. Николе, Телевизија Ултра ги покрива градовите и општините: Тетово, Гостивар, Маврово, Рустуше, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јагуновце, Канал 3 од Дебар која го покрива регионот на Дебар и Центар Жупа, телевизија А1 Струмица преку која ќе се гледа во регионот на Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Богданци, Василево, Босилово, Ново Село, Конче и Дојран, како и телевизија К3 од Куманово за регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Сите фотографии од првата елиминациона вечер со првата група кандидати ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука