sdsmnovstabohrid2

СДСМ Охрид: Првите луѓе на Општина Охрид на екскурзија низ Европа

Охрид, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Додека општинската администрација секојдневно трпи закани и уцени и е присилена да излегува на протести во одбрана на криминалите на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и нивните блиски соработници од општинските сектори на општински трошок прават екскурзии низ Европа“, се вели во соопштението од Општинската организација на СДСМ од Охрид.

– Поведени од примерот на нивниот лидер Груевски, првите луѓе на Општина Охрид заминуваат од државата, а ги присилуваат вработените секојдневно да излегуваат на протести, лажејќи ги за некакви платформи и федерализации. Ваквото дрско и самоволно однесување на Бакрачески и соработниците уште еднаш докажува дека тие немаат ниту миниум грижа за потребите на граѓаните, туку единствено гледаат како да искористат што поголем личен бенефит за краткото време кое им преостанува како локална власт, додаваат од ОО на СДСМ Охрид. (Крај)

извор: СДСМ Охрид фото: архива