helsinki_640x360

Недостаток од работна сила – национален проблем на Финска

Хелсинки, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Финска фалат работници.

Економски раст како резултат на успесите на локалната бродоградба и автомобилската индустрија.

Сето ова укажува на успешна држава. Но, финците имаат и нешто што ги мачи. Според тамошните медиуми, недостигот на работна сила стана најголем национален проблем.

Надлежните органи пресметале дека во Финска моментално има околу 100.000 работни места кои не успеваат да се пополнат со 300.000 невработени Финци, бидејќи тие не се квалификувани за овие работни позиции. По однос на ова прашање, локалните власти подготвуваат посебен закон.

Министерот за стопанство Мика Линтила по обиколка низ земјата, потенцира дека луѓето му се жалат дека имаат слободни работни места на кои никого не успеваат да вработат. Проблемот е најголем во главниот град Хелсинки.  (Крај)

извор: МИА   фото: архива