crna_gora_vo_nato_640x360

“ДА” за Црна Гора во НАТО и од Доналд Трамп

Вашингтон/Подгорица, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот човек на САД, Доналд Трамп стави параф на пристапниот протокол за Црна Гора да биде дел од НАТО, јавува  „Гласот на Америка“.

Речиси сите, односно 97 сенатори го аминуваа предлогот за членство на оваа земја во алијансата, а само двајца беа против.

Според изјавите на сенаторите со приклучувањето на Црна Гора кон НАТО, ќе се зајакнат позициите на пактот, а тоа ќе значи и зацврстување на декократијата во земјата. За нив, црногорското членство ќе ја зајакне американската национална безбедност и ќе и испрати силна порака на Русија.

Властите во Подгорица очекуваат земјата да стане полноправна членка на Алијансата кон крајот на месец мај, на самитот што треба да се одржи во Брисел.

По Трамп, останува уште Холандија и Шпанија да ја финишураат процедурата за верификација. (Крај)

извор: Охридпрес   фото: архива