dzamijaohridcentar

Тешко повреден работник кој работел на џамијата во центарот на Охрид

Охрид, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тешко е повреден работник при изведување на градежни работи на џамијата во центарот на Охрид.

Деновиве тука се врши реставрација на џамијата. Регионалната О2 телевизија јави неофицијално дека работникот паднал од плочата која се поставува, а повеќе детали најавуваат за во дневникот во 16:30 часот.

Настанот се случил нашто по 14:00 часот, по што веднаш била повикана Брза помош. (Крај)

извор: О2 телевизија фото: О2 телевизија