carina

Увозник од Охрид извршил царинска измама

Гевгелија/Охрид, 19. април 2017 (ОХРИДПРЕС) — Во текот на минатата седмица, царинските службеници во царинската испостава Гевгелија, открија царинска измама направена од увозник од Охрид.

Биле пријавени за увозно царинење прскалки за распрскување на течност со потекло од Кина, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%. При извршениот детален преглед на стоката и извршените испитувања во царинската лабораторија, било утврдено дека производите треба да се распоредат во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 8% и стапка за ДДВ од 18%.

Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од 215.201 денари, а против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатна казна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива