Ohriganka_1_640x360

КУД “Охриѓанка” на гости во Бања Лука, ќе учествува на Интернационален фолклорен фестивал

Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членови на КУД “Охриѓанка” отпатуваа за Бања Лука.

Тие ќе земат учество на Меѓународниот детски фолклорен фестивал “Васкршњи концерт”, кој ќе трае до 24 април.

На фестивалот учествуваат ансамбли од Црна Гора, Република Српска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словачка.

КУД “Охриѓанка” постои од 2006 година. Во состав на друштвото влегуваат група за народни ора, детска група за народни ора, оркестар и музичка школа за млади таленти.

Во досегашното постоење друштвото има учествувано на бројни домашни и меѓународни фестивали. (Крај)

извор: ОхридПрес    фото: КУД “Охриѓанка”