licaposebnipotrebi

„Детски Свет – Нов Почеток“ со нови активности за лицата со попреченост

Скопје, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Група млади лидери од НВО „Детски Свет – Нов Почеток“ и уште неколку невладини организаци покажаа дека со волја и упорност, може да се победи темнината и да се осветли патот кон иднината за лицата со попреченост под мотото МЕСТО ЗА СЕКОЈ ИМА ЕДНАКВО ПОД СОНЦЕТО.

Оваа младинска социјална организација се залага за достигнување на изедначен развој на младината на целата територија на Република Македонија. Таа се стреми кон создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што поттикнуваат интеракција меѓу децата и младите со и без попреченост во секојдневниот живот преку овозможување постојан и непречен пристап на проектот до сите општини во Републиката. Главната цел е подигнување на степенот на соработка и приближување на проблемот кон пошироката јавност.

Преку симболичниот настан кој ќе се одржи утре во 20 часот во просториите на НВО „Детски Свет – Нов Почеток“ и официјално започнува со реализација на зацртаната програма за 2016-2017 година.

Во 2016 – 2017 година програмата на НВО „Детски Свет – Нов Почеток“ за деца и млади со попреченост и деца опфатени од социјален ризик ќе се фокусира на прилагодување на програмските активности со можностите на Државата и основната цел ќе биде да се настојува што побрзо нашето законодавство во делот кој се однесува на децата и младите со визуелена попреченост и деца опфатени од социјален ризик да се прилагоди кон Европската законска регулатива. Дел од програмата опфаќа и унапредување и изедначување на основните човекови права на децата и младите со визуелена попреченост со правата на другите граѓани, подобрување на квалитетот на животот на децата и младите со визуелна попреченост и деца опфатени од социјален ризик, нивно вработување, достојно образование и социјална заштита.

Ова ќе биде прв од ваков вид центар за психо – социјална поддршка на децата, младите и семејствата со сетилна попреченост во Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива