policijaopsta

Стружанец од БМВ украл радио касетофон

Струга, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична  пријава  против стружанецот Н.М. (33), поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”.

Пријавениот, делото го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка “Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари.

Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, во извршувањето на казненото дело, Н.М. употребил тврд предмет и насилно ги отворил предните врати од автомобилот. За кратко време, го извлекол авто радио касетофонот од лежиштето во автомобилот, по што избегал.

Лицето било повикано на разговор, а полициските службеници го пронашле авто радио касетофонот и го вратиле на сопственикот. (Крај)

извор: СВР Охрид   фото: архива