kabastotpad

Во Југозападниот регион се создава повеќе комунален отпад, околку што се подигнува

Охрид/Струга, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вкупното количество на собран комунален отпад во Југозападниот регион во 2016 година изнесува 52 670 тони.

Споредено со 2015 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2016 година бележи намалување од 1.6 %. Додека количеството на создаден комунален отпад во општините кои го сочинуваат вој регион, минатата година изнесувало 110 039 тони.

Најголем проблем за Охрид и Струга, како и кај градовите од останатите региони, претставува измешаниот комунален отпад. Потоа следуваат количините на собран органски отпад и хартија. За разлика од органскиот отпад, кој за жал не се преработува, донекаде хартијата се рециклира.

otpadohrid6

Во Струга голем проблем со години претставува депонијата, а деновиве струшката јавност го крена својот глас против палењето на истата.

Според последното истражување кое го направи „Пакомак“, речиси 90 отсто од граѓаните на Охрид и Струга, би го селектирале отпадот ако во близина на нивните домови има специјализирани контејнери за оваа намена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива