Sv_Bogorodica_Kamensko

Литургија за празникот „Источен петок – Балаклија“

Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, Каменско во Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Источен петок – Балаклија“, (Едноцрквие).

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива