MainConfBanner2017MK

Македонска берза во Охрид ќе ги додели наградите за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016

Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес Македонска берза во Охрид ќе ја одржи својата 18-та Годишна конференција.

Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје е посредничка финансиска установа во Македонија. Организирана е како акционерско друштво со седиште во Скопје и се занимава со организација, извршување и регулирање на трговијата со хартии од вредност.

Конференцијата ќе се одржи во хотел „Метропол“, со почеток во 09:30 часот.

Воведни говори ќе имаат Елизабета Чингаровска – Претседател на Комисија за хартии од вредност и Иван Штериев – Главен извршен директор на Македонска берза.

Потоа ќе следи доделување на наградите „Кристално ѕвоно” – за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 година и Награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2016 година.

Во рамките на дискусијата на тема:Поглед во иднината: public vs private компании, ќе говорат:

– Ѓорѓи Петрушев, Управител, М6 Инвестиции

– Синиша Крнета – Директор на Белградска берза

– Николче Петкоски – Претседател на Управен одбор
Еуростандард банка

– Владимир Тодоровиќ- сопственик на Тинекс.

Во вториот дел ќе се одржи Панел II: Управување со “other people’s money” и пазарот на капитал, со говорниците: Јосип Главаш – Главен извршен директор,Erste Аsset Мanagement, Хрватска; Марија Бојчинова – Expat Asset Management, Бугарија; Климе Попоски – Претседател на Совет на Агенција за супервизија на осигурување и Џон Јоновски – Phalanx capital. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива