gitara

Neighbours со свирка во живо во Aquarius

Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 22 април, во објектот на Тераса Aquarius ќе настапува бендот Neighbours.

Членови на бендот се: Димитар Ангелков (гитара, вокал), Иво Петровски (тапани, придружен вокал) и Блаж Ангелков (бас, вокал). Свират кавер музика на рок теми од светската музичка сцена.

За публиката ќе има добра забава со одбрани музички хитови.

Почетокот на свирката е во 22 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива