Liga-Evropa

Познати полуфиналистите во Лигата на Европа

Манчестер, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Манчестер Јунајтед и Ајакс по продолженијата, а Лион дури по изведувањето на пенали изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа, додека единствено Селта во регуларниот дел обезбеди пласман меѓу најдобрите четири тима во ова натпреварување.

Пласманот на „црвените ѓаволи“ во полуфиналето, го засени повредата на Ибрахимовиќ во 94.минута.Денеска во Нион на пладне ќе бидат извлечени полуфиналните парови во Лигата на Европа и Лигата на шампиони.

Резултати:
Манчестер Јунајтед – Андерлехт 1:1 – 2:1 по продолжение (1:1 прв натпревар)
Шалке – Ајакс 2:0 – 3:2 по продолжение (0:2 прв натпревар)
Генк – Селта 1:1 (2:3 прв натпревар)
Бешикташ – Олимпик Лион 2:1 – 6:7 на пенали (1:2 прв натпревар). (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива