Избор Охрид

Во хотел „Гарден“ се приготвува шопска салата за Гинис

Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди со нов кулинарски подвиг.

Македонско – руската стопанска комора и „Македонски трговски дом“, денес организираат настан на кој во хотел „Гарден“ во Охрид ќе се приготвува најголемата шопска салата во светот.

Салатата ќе ја подготвува персоналот на хотелот „Гарден“ со помош на учесници од средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

shopska-salata

Шопската салата е едно од македонските традиционални предјадења, а освен кај нас се карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење коешто жителите го користеле во најразлични јадења. Името го добива според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: хотел Гарден

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука