ohridvo10logo

„Охрид во 10“ – 21. април 2017

Охрид, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_1252
Охрид во 10 на 21.04.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 21.04.2017 година

– На 5 мај закажано повторно судење на србинот Угреновиќ, кој до смрт го претепа охриѓанецот Димитар Матилоски

– Се служеше литургија за празникот „Источен петок – Балаклија“

– Доставени иницијативи до Уставниот суд, за продолжување на мандатот на локалната власт

Македонска берза во Охрид ги додели наградите за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2016 во рамките на својата 18-та Годишна конференција

– На територијата на Охрид има вкупно 6 пациенти со хемофилија, од кои 3 се деца и 3 се возрасни, терапијата ја има во доволни количини

INSIDE интернет кафе во чест на 18. роденден издаде брошура за заштита на младите на интернет

– Здружението „ЕДЕН“ најави завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица“

– Во хотел „Гарден“ се приготвува шопска салата за Гинис

– АfterWork забава со музиката на Filip и Marko во Corner Bistro

DJ Ravitez ќе му се придружи на  Afrojack на фестивалот  Ohrid Calling 2017

Охридскиот хор Vox Lychnidos најави дека ќе гостува на меѓународен фестивал во Маниса, Турција