mak-rakomet-zeni

Ракометарките ги чекаат противниците за ЕП 2018

Париз, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција.

Со денешната ждрепка во Париз, 28 репрезентации ќе бидат поделени во седум квалификациски групи со по четири тима. Пласман на ЕП обебзедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

За денешната ждрепка, Македонија е во третиот шешир заедно со Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција и овие селекции ги избегнува во претстојните квалификации.

Квалификациските натпревари ќе се играат во три фази. Првите две кола се на 27 септември и 1 октомври, втората фаза (3 и 4.коло) е на 21 и 25 март 2018, а завршните две кола ќе се одиграат на 30 мај и на 3 јуни 2018.

Ждрепка за квалификациите за ЕП 2018:

Прв шешир: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија, Црна Гора
Втор шешир: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка, Хрватска
Трет шешир: Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија, Турција, Македонија
Четврт шешир: Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија, квалификант 1 и квалификант 2. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива