Champions-League Draw

Извлечени полуфиналните парови во ЛШ и ЛЕ

Нион, 21. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Нион беше извршена ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на шампионите и Лига Европа.

ЛШ  донесе шпански двобој, Реал Мадрид против градскиот ривал Атлетико,додека Јувентус ќе игра против Монако. Во Лигата на Европа во полуфиналето ќе играат : Ајакс-Лион и Селта-Манчестер Јунајтед.

Првите натпревари се играат на 2,3 и 4 . мај,а реваншите се седум дена подоцна. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива