ibrahimovic-na-nosilki

Златан Ибрахимовиќ во аут до 2018 година

Манчестер, 23. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Златан Ибрахимовиќ не само што ќе го пропушти финишот на оваа, туку шведскиот ас ќе биде надвор од терените и за голем дел од наредната натпреварувачка сезона.

Ова го тврди телевизијата ЕСПН повикувајќи се на извори од Манчестер јунајтед, според кои повредата што шведскиот голгетер ја заработи на дуелот со Андерлехт е многу сериозна.Се уште неофицијално, ЕСПН тврди дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото, поради што Ибракадабра ќе паузира околу осум месеци, што би значело дека камбекот на извонредниот голгетер можеме да го очекуваме дури во 2018 година.

Ова е сериозно нарушување на плановите на Златан во потрагата по нов ангажман, со оглед на фактот дека неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезонава. Јунајтед сигурно нема да му понуди нов едногодишен договор за платата што досега ја бараше (околу 200.000 евра неделно), па како опција се споменува преселба во САД, за стартот на сезоната во МЛС-лигата во 2018 година. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: ESPN