ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Оштетен вториот чинар, ноќеска падна поголема гранка (Фото)

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оштетена уште една охридска препознатливост – вториот чинар, од кого ноќеска падна поголема гранка на пешачката зона и коловозот.

Читатели на OhridPress Ни испратија фотографии од немилиот настан, со коментар дека е крајно време нешто да се направи за заштита на охридските чинари. До овој момент нема информација за причините поради кои настанало оштетувањето.

ostetencinar2На почетокот на овој месец беше објавено дека ќе се реализира проект за ревитализација на стариот чинар во охридската чаршија, но и уште шест други чинари и познатиот кочеџик кај црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Овие стебла се прогласени за природно наследство според стариот закон од 1973 година и треба да се стават во законска рамка според постоечкиот Закон за заштита на природата. Проектот за заштита на чинарите во Охрид ќе го реализира Друштвото за еколошки консалтинг „Деконсема“ од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука