bebe1

Во Охрид и понатаму мал процент на искористеност на боледување од страна на татковци

Охрид, 29. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Статистиката на ФЗОМ покажува дека од година в година се зголемува бројот на мажи кои го искористиле оваа законско право.

Но, некои од градовите и понатаму се на листата со мал процент на искористеност на боледување од страна на татковци. Во таа листа е Охрид, за едно со градовите Велес, Кочани, Куманово, Охрид и Тетово. Така, во Охрид само 3 татковци го искористиле ова право. Според досегашните искуства мажи останувале на породилно поради несреќен случај или финансиски потреби.

Најголем број на породилни отсуства се регистрирани во Скопје, Битола, Струмица.

Македонскиот закон за работни односи предвидува право на платено отсуство од работа заради бебе или само на мајката или само на таткото. Колкава е платата на корисникот толку пари му исплаќа државата 9 месеци. Ако таткото сака да ја искористи оваа можност треба да достави извод на родените за детето и потврда дека мајката се враќа на работа. Но, родилката тоа не смее да го направи во рок пократок од 45 дена по породувањето. (Крај)

извор: ФЗОМ/Здравство 24 фото: архива