hiv-640x360

Американски научници излекувале ХИВ кај животни

Питсбург, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Научниците од Америка направија голем чекор кога станува збор за ХИВ вирусот.

Тим на научници од Универзитетот во Питсбург и Училиштето за медицина Луис Кац, успеале да излекуваат животни кои имаат ХИВ вирус.

Со ова ново истражување, американските научници покажаа дека целосно можат да го отстранат ХИВ вирусот од човечката ДНК вметната во глувци и да спречат понатамошна инфекција. Ова е првпат науката да успее целосно да го елиминира вирусот од животните и со тоа да го отвори патот кон клинички испитувања кај луѓето. Надеж дава тоа што во истражувањето учествувале хуманизирани животни, односно глувци во кои биле вметнати човечки клетки, а потоа биле заразени со ХИВ. Истражувањето предводено од д-р Венхуи Ху, кој заедно со неговиот тим, една година претходно, спровел слично истражување во кое успеале да го отстранат вирусот од повеќето ткива.

Тимот тестирал три групи на глувци. Глувците од првата група биле заразени со ХИВ. Глувците од втората група биле заразени со вирусот ЕкоХИВ (еквливалент на човечки ХИВ), а третата група на глувци била „хуманизиран модел“, односно глувци со човечки клетки инфицирани со ХИВ. Тестирањето на втората група имало дополнителен предизвик: вирусот се ширел побрзо. Нивната стратегија овозможила елиминација на 96% на ЕкоХИВ кај глувците благодарение на CRISPR/Cas9, техника која на научниците им овозможува да направат одредени промени во ДНК.

Во третата група на глувци, која во себе носела човечка ДНК и Т-клетки каде вирусот се криел, после само еден третман со CRISPR/Cas9, вирусот целосно бил отстранет.

– Следниот чекор е да спроведеме истражување на приматите, многу посоодветен модел каде ХИВ предизвикува болест, со цел да го елиминираме ХИВ-1 од Т-клетките и мозочните клетки, изјави Ху. (Крај)

извор: Факултети фото: архива