Royalty-free 3d computer generated business graphic of a group of businessmen in colorful shirts, carrying briefcases and holding their resumes up at a job interview. It is a full-color employement clipart picture on a white background.

Германија бара работници

Берлин, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според извештајот објавен од Институтот за истражување на вработеноста во Германија, никогаш немало толку многу отворени работни места; во првите 3 месеци во 2017 година работодавците барале 1.064.000 работници, што е за 9.000 повеќе отколку во последниот квартал од 2016 година, кој досега бил рекорд.

Проценката на Институтот е врз основа на одговорите на 8.000 работодавци од сите економски сектори.

Околу 77% од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. Околу две третини (64%) од овие работни места од потенцијалниот вработен бара да има завршено некој занает, додека 16% бараат високообразовни работници. Од останатите 20% од работниците не се очекува никакво посебно образование.

– Моментално малите и средни претпријатијата пред сè бараат работници занаетчии, вели Александер Кубис од Институтот.

Институтот прогнозира дека во март во Германија вработеноста ќе биде рекордно висока, речиси 45 милиони, што би било зголемување од 670.000 во однос на минатата година. (Крај)

извор: Факултети фото: архива