benzini

Намалени цените на нафтените деривати

Скопје, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нови, пониски цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините се продаваат по цени намалени за 3 денари, додека цената на дизелот е пониска за 2 денари.

Па, така литар Еуросупер БС – 95 се точи за 63 денари, додека  Еуросупер БС – 98 чини 65 денари за литар. Новата цена на Еуродизел изнесува 49 денари.

Со одлуката на Регулаторна, за 1,145 денари за килограм е намалена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС. Новата цена е 25,252 денари за килограм. Според нивната методологија, малопродажните цени на енергенсите се намалени за 6,71 %.

Овие малопродажни цени ќе важат следниве две недели. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива