taekvondohvarangitf

Клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе учествува на меѓународниот таеквондо турнир „15 Љубљана Опен 2017″

Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, ќе учествува на меѓународен таеквондо итф турнир „15 Љубљана Опен 2017″, кој ќе се одржува во Љубљана, Словенија.

Овој турнир е еден од најсилните за оваа пролетна сезона. Под водство на Марјанчо Лазаревски – црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе ги одмерат силите во три дисциплини борби и форми поединечно, и екипно борби, каде ќе учествуваат со 3 екипи, девојчиња до 13 години, деца до 13 години и јуниори до 18 години.

– Се надеваме дека и овој пат претставниците на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди, се надеваат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива