zrk-vardar 1

Во понеделник ќе се знае првакот во македонската женска ракометна лига

Скопје, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кој ќе ја освои титулата во домашната женска ракометна лига ќе се знае во понеделник, 22 мај.

Според однапред договорениот систем на играње, во плејоф натпреварите за првакот во ракометната лига ќе разигруваат првите три екипи од регуларниот дел на сезоната и плус екипата на Вардар. Тоа се екипите на Вардар СЦЈС, Металург и Куманово.

Ова ќе бидат натпревари само за титулата. Другиот редослед на екипите ќе биде според освоеното место во регуларниот дел од сезоната. Тука останува да се одигра само уште едно коло, што е закажано за утре.

Двојките за полуфиналето на плејофот се:
Вардар – Куманово (11 часот)
Вардар СЦЈС – Металург (13 часот)

Финалниот натпревар ќе се одигра во понеделник, во малата сала на СЦ “Јане Сандански”, со почеток во 18 часот. (Крај)

извор: zrkvardar.mk     фото: архива