jamesrodrigez

Хамес Родригез го напушта Реал, во недела ќе открие каде ќе игра следната сезона

Богота, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хамес Родригез ги напушта “кралевите”.

Колумбиските медиуми пишуваат дека Родригез веќе се договорил со Манчестер јунајтед и планира следната сезона да игра на Олд Трафорд.

Според Радио Каракол, неговиот трасфер ќе биде потврден во на 21. мај, по завршување на првенството во Шпанија.

Весникот АС, кој е близок до Реал Мадрид, наведува дека очекува зделката да биде соопштена по крајот на финалето во Кардиф од Лигата на шампионите

Но, медиумите од Колумбија пишуваат дека Хамес Родригез сака што поскоро да им открие на фановите каде ќе игра следната сезона.

извор: 24fudbal.com.mk    фото: архива