anketamaj1

Анкета на АВМУ: Супер радио и во периодот јануари-април 2017 година останува на врвот!!!

Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 4,48% и неделен од 10,45% кај слушателите, Супер радио и во периодот јануари-април 2017 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во периодот јануари-април 2017 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Супер радио беше на врвот во регионот и според Годишниот извештај за 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На прагот на 25-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес