nezavisensindikatpolicija

Независниот полициски синдикат: Дел од граничните полицајци работат во суб-стандардни услови

Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Службениците на полицијата на граничниот премин „Џепиште – Требиште“ на македонско-албанската граница работат во субстандардни услови, истакна при посетата во Охрид, претседателот на независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тонев.

Тонев истакна дека граничните полицајци работните обврски ги извршуваат во контејнер со две импровизирани простории, кои не се поврзани ниту на системот за напојување со електрична енергија ниту кон водоводната мрежа.

Според него, голем дел од полициските службеници кои работат во рамките на РЦ за ГР Запад се од Кичево и Македонски Брод, кои до своето работно место секојдневно патуваат по околу 150 километри во еден правец, а некои од нив немаат организиран превоз. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива