denmuzeite1

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ – Струга ќе го одбележи Меѓународниот Ден на Музеите

Струга, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга и оваа година го одбележува Меѓународниот Ден на Музеите заедно со други музеи во светот во организација на ИКОМ/ICOM.

Овогодинешната тема е – Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неописливото во музеите.

– Нашиот музеј со овогодинешната програма за Меѓународниот Ден на Музеите става акцент на отвореноста на музејот кон широката јавност. Како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството, велат од НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга.

Во програмата за одбележување денес се две изложби од едукативните работилници. Утре музејот ќе ги презентира и новите промотивни материјали и веб страна. На советувањето кое на 19-ти мај во Скопје го организира ИКОМ – Македонија по повод Меѓународниот Ден на Музеите, струшкиот музеј ќе биде презентиран со темата „Музеј во Музеј“ а се однесува на уникатната природно-научна поставка на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга.

По вторпат оваа година на 18 ти мај – Меѓународниот Ден на Музеите, влезот за сите музејски поставки е слободен. Проектите кои се дел од програмата се реализирани со помош на Министерство за култура на Република Македонија.

denmuzeite

Денес со почеток во 18:00 часот во Спомен соба Никола Незлобински/Административна зграда ќе биде одторена изложба, дел од едукативната работилницата „Културно наследство од Струга и Струшко“.

Од 19:00 часот е отворањето на изложбата од едукативната работилница „Рибите во Охридското Езеро“.

Утре од 20:00 часот во Спомен домот на Браќа Миладиновци“ ќе има презентација на новите промотивни материјали на музејот и промоција на новата веб страница на објектот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива