kucinja_4_1_640x360

Реакција на граѓанка: Што побрзо одговорните да преземат мерки против кучињата скитници

Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – До редакцијата на Охрид Прес пристигна реакција на наша сограѓанка, која се однесува на уште еден немил настан поврзан со нападите од глутниците на кучиња.

Граѓанката испраќа апел до надлежните да се преземат итни мерки, бидејќи нападите од кучињата скитници се чести. Таа говори од свое лично искуство:

– Молба до Општина Охрид да се превземат сите можни мерки за згрижување на глутницата кучиња кои шетаат по улиците на градот Охрид и напаѓаат граѓани. Таков случај беше и мојата сестра коjа на ден 16.05.2017 беше нападната од 12 кучиња. За среќа навреме реагираа случајни минувачи и не се случи ништо, а замислете да се случеше, кој ќе ја сноси таа одговорност?? Стресот што го претрпе??? Еден ден можат да бидат тоа и Ваши деца. Затоа, Ве молам како граѓанин кој сака да се чувствува безбедно во своето секојдневие, што е можно побрзо да се превземат сите безбедносни мерки во полза на сите граѓани, стои во реакцијата на охриѓанката, која Ви е пренесена во целост. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива