fabiotenis

Фоњини во брилијантен меч го декласира Мареј

Рим, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини во второто коло на Мастерсот во Рим го победи Британецот Енди Мареј со 2:0 (6:2, 6:4).

Ова е втор пораз за Мареј во последните четири натпревари и само ја доизрази кризата во која периодов се наоѓа светскиот рекет број еден. Тој по освоената титула во март во Дубаи, не успеа да се пласира во ниедно финале.

За разлика од него, Фоњини беше брилијантен на последниов натпревар и мечот го заокружи со 31 директни поени, од кои 21 беа форхенд винери. (Крај)

извор: Макфакс    фото: архива