brak

Минатата година во Струга биле склучени 432 бракови

Струга, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) — Бројот на разводи во 2016 година бележи намалување од 9.8% во споредба со 2015 година.

Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, минатата година на територијата на Општина Струга, биле склучени вкупно 432 бракови, од кои 406 по прв пат, по втор пат, 24 и по трет пат само два бракови.

Најмалку бракови, во текот на годината се разведени во јуни, а најмногу во март.

Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 25 до 29 години, a според возраста на сопругот, во старосната група од 35 до 39 години. (Крај)

извор: ОхридПрес/ДЗС фото: архива