mozaikkolektiff

Mosaik Kollektif ја презема саботната вечер на LakeAwake бината на Д Фестивал

Дојран, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Електронската бина на Д Фестивал, LakeAwake, за време на трите фестивалски ноќи на дојранското крајбрежје и оваа година, од 14-ти до 16-ти јули ќе ги претстави некои од најквалитетните колективи од домашната електронска сцена.

Во рамки на овој програмски концепт, во сабота на 15-ти јули на LakeAwake бината ги дочекуваме репрезентите на македонската техно култура во програмската вечер на „Мосаик Колектиф“ (Mosaik Kollektif ). Станува збор за електронското дуо составено од Дејан Трајков и Иван Сарамандов – Фирма, кои веќе подолго време се активни на електронската сцена како продуценти, диџеи и промотери, а кои овој пат ја преземаат програмата на LakeAwake заедно и со специјалните гости за оваа вечер Самоил Радински и Дејан Декс.

Главен приоритет на Mosaik Kollektif е преку креативен, уникатен и квалитетен израз да ја комбинираат музиката и модерниот дизајн, фокусирани на еволуција и развивање на уметничкиот концепт. Зад себе имаат 4 винилни изданија и тоа за реномирани издавачки куќи како Roundabout Sounds, Sabotage Rec, Funky town и други. Нивните дела пак се ремиксувани од артисти како Alexandar Robotnick, Dj octopus, Sagats. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива