josverhufen

Проф. д-р Јос Ферхуфен, експерт за блатни екосистеми во посета на Охрид

Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Проф. д-р Јос Ферхуфен, експерт за блатни екосистеми. утре ќе престојува во посета на Охрид каде што ќе има средба со претставници на Хидробиолошкиот завод.

Токму благодарение на заложбите на проф. Ферхуфен, Охрид беше избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок за 2018 година, кој ќе биде организиран во соработка со Хидробиолошкиот завод и Охрид ЅОЅ.

– Во склоп на посетата проф. Ферхуфен ќе го посети и Студенчишкото Блато бидејќи неговата експертиза е токму проучување на блатните екосистеми и нивната функција во служба на луѓето преку екоситемските услуги, односно економската придобивка од екосистемите, информираат организаторите.

Вчера во Скопје се одржа тркалезната маса на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот на охридско – преспанскиот регион“, во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН. Специјален гостин беше проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Друштвото на научници за блатни екосистеми (Society of Wetland Scientists, European Chapter) и професор на Универзитетот во Утрехт кој допатува на покана на Охрид ЅОЅ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива